Најголемиот акционер на унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air Indigo Partners продаде околу половина од акциите во таа компанија, пренесува Ројтерс. Акционерот поседуваше 15 милиони акции или 17,5% од акциите. Сега тие поседуваат удел од 8,5%.
Уделот е продаден за околу 555,5 милиони долари, а купувачите се институционални инвеститори.
Акциите на WizzAir потонаа 6,5% на берзата во Будимпешта по овие информации. Indigo Partners е во сопственичката структура на Wizz Air од 2004 година. Основачот на овој приватен фонд Вилијам А. Франке е исто така претседател на Wizz Air.
Фото: Pixabay