Ford Otosan ќе инвестира две милијарди долари во фабрика за електрични автомобили во Турција

44

Турција ќе биде најголемиот производител на комерцијални електрични возила благодарение на новата инвестиција на голема автомобилска компанија во Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

“Капацитетот на Турција за производство на батерии ќе се прошири за 130.000 единици со новата инвестиција на Ford Otosan, заеднички потфат на турскиот Koc Holding и Ford“, рече Ердоган.

Автомобилската фирма Ford Otosan со седиште во Турција ќе ја отвори својата фабрика за батерии за електрични возила во 2022 година во индустриската област Коџаели и ќе инвестира две милијарди долари.

Извозот на автомобилската индустрија во 2020 година надминал 25 милијарди долари во периодот на пандемијата.

Турција минатата година извезла над 900.000 возила во 180 земји на пет континенти.

Фото: Facebook