Централна кооперативна банка ќе исплата камата за конвертибилни обврзници

33

Централна кооперативна банка АД Скопје ќе изврши исплата на годишна камата, по каматна стапка од 2,2% на годишно ниво на имателите на конвертибилни обврзници со ИСИН MKSILB200014 и шифра CKBKO, стои во информацијата објавена на Македонска берза.

Исплатата на каматата ќе се изврши на 22.03.2021 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на конвертибилни обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 21.3.2021 година.

Фото: Pexels