Tехнологија за препознавање на лице и на банкомати

75

Сингапурската банка OCBC инсталира технологија за препознавање лице на осум свои банкомати за да можат граѓаните да го проверат салдото на сметката без картички.

Сепак, корисниците нема да можат да подигаат готовина на овој начин, барем додека не се утврди колку е безбеден овој начин на функционирање на банкоматите. Ако се покаже дека е, ќе се додаде и таа функција.
Банката ја користи сингапурската идентификациска инфраструктура SingPass Face Verification со цел да ги спореди лицата на корисниците со тие слики од нивните биометриски документи и на тој начин да ги провери.

Ова, сепак, не е прв ваков случај во светот. Во Кина, слична технологија се користи од 2015 година, а шпанската CaixaBank ја користи од 2019 година.

Експертите велат дека ваквите технологии сè уште носат со себе одредени безбедносни предизвици кои треба да се решат.

Фото: Pixabay