За Lamborghini ланската година беше најпрофитабилна досега

63

Италијанскиот производител на спортски автомобили, Lamborghini соопшти дека минатата година беше најпрофитабилна во неговата историја и покрај двомесечната блокада на фабриките во текот на пандемијата.

“Многу сме изненадени од податоците“, рекол Стефан Винклман, директор на Lamborghini.

Во текот на минатата година, продажбата беше нешто помала во однос на претходната година, но италијанскиот бренд продаде многу повеќе скапи автомобили изработени по нарачка, што влијаело врз профитот.

Новиот спортски модел на Lamborghini, Urus, оствари голем успех и на компанијата минатата година ѝ донесе околу 59% од вкупните приходи од продажба ширум светот.

Lamborghini, којшто е во сопственост на групацијата на Volkswagen, лани продаде 7.430 автомобили ширум светот.

Кина би требало да прерасне во втор најголем пазар за спортските автoмобили и за првпат да ја симне Германија од вицешампионската позиција. Американскиот е најголем пазар за автомобилите на Lamborghini, каде минатата година се испорачани 2.224 возила.

Фото: Pexels