Pfizer планира mRNA технологијата што се користи во вакцината за коронавирус која ја произведе со германски BioNTech, да ја користи и за развој на вакцини за други вируси, објави Wall Street Journal.
Американската компанија која разви вакцина против коронавирус со германскиот партнер BioNTech е подготвена да работи независно на mRNA технологијата по минатогодишното искуство, изјави нејзиниот шеф Алберт Бурла за Wall Street Journal.
Вакцината на Pfizer и BioNTech, создадена на платформа на mRNA технологија, се покажа 90 % ефикасна против Ковид-19 и денес игра голема улога во борбата против болеста, која однесе скоро три милиони животи.
Вакцината на двете компании, заедно со mRNA вакцината развиена од американската компанија Moderna, е одобрена за употреба во САД и Европа, што е прва примена на оваа технологија надвор од клиничките испитувања.
Успехот на оваа технологија ги поттикна фармацевтските компании да ја користат надвор од развојот на вакцините, вклучително и во борбата против ракот, што привлече милијарди долари инвестиции.
“Сметаме дека е големо признание што компаниите како нашиот партнер Pfizer започнуваат со своите стратегии за вакцинирање со mRNA“, изјави за Reuters портпаролката на BioNTech.
CureVac, Gileas Science, Sanofi и Translate Bio исто така започнаа да работат на оваа технологија.
Фото: Facebook











