Бил Гејтс предвидува кога животот би можел да се врати во нормала

Светот би требало да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, рече Бил Гејтс, американски милјардер и коосновач на Microsoft.

“Ова е неверојатна трагедија“, изјави Гејтс во интервју за полскиот весник Gazeta Wyborcza и за телевизијата ТVN24, додавајќи дека единствена добра вест е пристапот до вакцините.

“До крајот на 2022 година, во основа би требало целосно да се вратиме во нормала, рече Гејтс.

Бил Гејтс е милијардер кој во 2014 година даде оствака на местото претседател на Microsoft и низ својата филантропска Фондација Бил и Мелинда Гејтс вложи најмалку 1,75 милијарди долари во глобалниот договор за пандемијата од Kовид-19.

Тоа подразбира поддршка за некои произведувачи на вакцини, дијагностика и потенцијални третмани.

Фото: Pixabay