Пандемијата не го запре инсталирањето на нови ветерници

55

Глобалните капацитети за производство на електрична енергија од ветер минатата недела се зголемени за 93 гигавати, што е за 50% повеќе од новите ветерници во 2019 година.

Вкупниот капацитет на сите ветерници во светот сега достигнува 744 GW и е доволен за подмирување на 7% од глобалната побарувачка за електрична енергија.

“Овој силен раст е постигнат и покрај пандемијата. Иако се чинеше дека пандемијата го забавува развојот на овој сектор во некои земји, генерално анализирано немало никакво негативно влијание, туку го забрза преминот на ветер и други извори на обновлива енергија“, наведуваат од Светската асоцијација за енергија од ветер.

Кина е лидер во однос на другите земји, бидејќи инсталирала дополнителни 52 GW капацитети во рок од една година, што одговора на пазарен удел од 56%. САД се на втора позиција со зголемување на капацитети од скоро 17GW, достигнувајќи 122 GW.

Фото: Pexels