Има еден метал што ги остава сите стоки – па дури и биткоинот во прашина оваа година. Предизвик за инвеститорите е да го купат.
Криптовалутата биткоин се зголеми за 85% од почетокот на годината, но иридиумот може да се пофали со уште посилни перформанси.
Цената на иридиумот, еден од најретките благородни метали, се зголеми за повеќе од 131% од јануари, според Bloomberg. Во моментов чини околу 6.000 долари за унца.
Иридиумот се извлекува како остаток од екстракција на платина и паладиум.
Иридиумот е една од главните компоненти во производството на дигитални дисплеи, но исто така е широко користен во медицината, како и во производството на некои компоненти за автомобилската индустрија.
Фото: Printscreen YouTube