Американските банки се во добра состојба, но не и европските

92

Ситуацијата во американскиот банкарски систем е многу задоволителна, пишуваат аналитичарите на љубљанска Илирика.

Големите американски банки, кои ќе ја поминат следната рунда на стрес-тестови со доволен капитал, ќе можат да продолжат со подигање на дивиденда веќе на крајот на јуни, што значи крај на ограничувањата од пандемискиот период.
За оние кои добро ќе го положат тестот, сите ограничувања за купување на акции ќе бидат отстранети. Американскиот банкарски систем е сè уште извор на моќ за САД, што не може да се каже за европскиот банкарски систем.

Пазарот исто така го разбира тоа, бидејќи вредноста на американските банки се проценува на 1,5 книговодствена вредност, а вредноста на европските банки на помалку од половина од книговодствената вредност. Причината за ова е ризикот од зголемување на лошите заеми заради малите и средни претпријатија, пренесува Seebiz.

За жал, ЕЦБ тука не стори ништо паметно, додека ФЕД ги охрабруваше комерцијалните банки да позајмуваат подолго време преку Програмата за заеми, покривајќи дури 95% од новите или постојните заеми на квалификувани работодавци, односно компании кои се соочуваат со короната криза. Програмата вредеше 600 милијарди долари.

За жал, ништо ново, ЕЦБ повторно заостанува и заостанува зад ФЕД.

Фото: Pixabay