Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер стана туристички амбасадор на сопствената земја.
Туристичката организација на Швајцарија соопшти дека Федерер со години позитивно ја претставува својата земја преку спортските успеси и добрите манири што ги има.
“Каде и да се спомене моето презиме, покрај него се наоѓа знамето на Швајцарија. Горд сум на тие 22 години колку што играм тенис и секогаш ќе биде така“, рекол Федерер.
Тој, меѓу останатото, ќе ги претставува своите омилени места во рекламни спотови, а сите пари од ангажманот ќе бидат насочени кон неговата фондација што дава поддршка на деца.
Федерер, кој е добитник на 20 гренд слем титули, во овој момент е шести на АТП листата.
Фото: Facebook