Колку е просечната малопродажна цена на струјата за домаќинства?

136

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2020 година, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.144 денари по KWh, што претставува раст од 7,4% во споредба со првото полугодие од 2020 година.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3.330 до 7.160 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 13.684 до 24.340 денари по nm3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 29.945 денари по nm3.

Фото: Pexels