Најплатени професии во САД

137

Business Insider направи листа на 10 најплатени професии во САД. Според нивната анализа, најплатени во овој момент во Соединетите Држави се анестезиолозите. Пандемијата ги направи едни од најбараните во болничкото лекување на пациентите, па во САД нивната пата е околу 22.620 долари месечно.

Зад нив се хирурзите, чија месечна плата е околу 20.970 долари. На трето место, според ранг листата, се најдоа акушери и гинеколози, чија месечна плата се движи околу 19.926 долари.

Според ранг листата, најплатените професии се од областа на медицината и здравство, па првите 10 ги комплетираат и: лекари за ортодонција (19.832 долари месечна плата), орални и максилофацијални хирурзи (19.582 долари), општи лекари и офталмолози (18.237 долари), психијатри (18.091 долар), забни протетичари (17.905 долари), лекари за семејна медицина (17.864 долари) и интернисти (17.580 долари).

Фото: Pexels