Цените на угостителските услуги во март останаа непроменети

85

Цените на угостителските услуги во март оваа година, во однос на претходниот месец, останаа непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во март 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,1%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, додека во однос на декември 2020 година останаа на исто ниво.

Фото: Pexels