Пазарната капитализација на сите криптовалути денес за прв пат се приближи на нивото од двa трилиони долари.
Вредноста на сите 9.115 криптовалути што ги следи веб-страницата CoinMarketCap.com, имаше комбинирана пазарна вредност од 1,996 трилиони долари, што претставува зголемување од околу 2,6% во последните 24 часа.
Се разбира, најзаслужен за овој раст е биткоинот. Пазарната капитализација на најпопуларната криптовалута на почетокот на оваа година беше 680 милијарди долари за да скокне на 1,1 трилиони долари во овие денови.
Неодамнешните објави за движења на крипто-валути од страна на етаблирани финансиски играчи како што се Visa, PayPal, Goldman Sachs и Morgan Stanley ја зајакнаа довербата на трговците дека крипто-валутите исто така ќе станат дел од финансискиот мејнстрим.
Фото: Pixabay