Петте најбогати жени во светот заедно имаат вкупно богатство од 272,9 милијарди долари, покажува 35-тата листа на милијардери на магазинот Forbes.
Прва меѓу дамите, а 12-та во “машкиот свет“ е Франсис Бетенкур, која е внука на основачот на L’Oreal, па благодарение на семејниот бизнис има сметка од 73,6 милијарди долари. Една година претходно, таа беше 15-та меѓу најбогатите лиѓе на планетата, а во 2018-та година беше на 18-та позиција.
Со богатство проценето на 61,8 милијарди долари, втора најбогата дама во светот и 17-та на листата на најбогати на Forbes, е Алис Валтон. Таа е ќерка на основачот на Walmart, Сем Валтон.
Трета најбогата дама и 22-ра на листата на милијардери на Forbes е Мекензи Скот. Педесетгодишната писателка го има своето богатство од 53 милијарди долари благодарение на Amazon, којшто го основаше заедно со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, кој цврсто и љубоморно ја држи првата позиција на најбогат на планетата.
Зад нејзе е 58-годишната Јулија Коч со 46,4 милијарди долари богатство, стекнато благодарени на наследството коешто е 42% од акциите на Koch Industries од нејзиниот сопруг, кој почина во 2019 година на возраст од 79 години.
Петта најбогата жена е Жаклин Марс која на 81 година располага со 31,3 милијарди долари, благодарение на тоа што поседува една третина од фабриката за чоколади, Mars, што ја основаше нејзиниот дедо.
Фото: Pixabay