Неколку острови на Егејското море, ќе станат први области во Грција без Ковид-19 бидејќи вакцинацијата се засилува во туристичките дестинации и целта е да станат први целосно вакцинирани области. Властите ветиле дека 69 острови ќе бидат целосно вакцинирани до крајот на април.
“Имаме многу мали острови. Затоа што на нив е тешко да дојдат до залихи, одлучивме да ја вакцинираме целата популација на нив во еден здив, и кога ќе примаат туристи да бидат во целост вакцинирани и заштитени“, рече претставник од министерството за здравство Мариос Темистоклеус.
Според планот, со помош на вооружените сили, испораката на вакцини на оддалечени острови ќе биде засилена во следниот период.
Фото: Pixabay