Пораст на продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари

60

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 1,5% на месечно ниво, а за 3,9% на годишно ниво.

Во февруари 2021, во споредба со јануари 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,6%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5%.

Во февруари 2021, во споредба со февруари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 3,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13,4%.

Фото: Pexels