Работиме по 39,6 часа неделно

125

Македонците во просек работат по 39,6 часа неделно со што се меѓу највредните нации во Европа, покажуваат податоците за последниот квартал од 2020 година на Statistics and data преку видео визуелизација.

Највредни меѓу Европејците се жителите на Црна Гора со 44,5 часа работа неделно. Првата “петорка“ ја сочинуваат: Србија (42,6 часа), Грција (41,4 часа), Македонија (39,6 часа) и Бугарија (39,1 часа).

Од земјите во регионот, во Словенија се работи по 39,1 часа и во Хрватска 37,9 часа.

Најмалку работеле жителите на Естонија со 36,1 часа во просек, како и жителите на Белгија (36,3 часа) и Унгарија (36,6 часа).

Фoто: Pexels