Лондон лидер во глобалната продажба на супер луксузни недвижнини

88

Минатата година богаташите купувале повеќе домови во Лондон од било кој друг град во светот, покажуваат податоците на консултантската компанија Knight Frank. Според студијата, главна причина за тоа е слабата фунта и крајот на сагата поврзана со Brexit, којшто привлекува купувачи во британската престолнина, пишува Financial Times.

Купувачи од целиот свет потрошиле скоро четири милијарди долари на таканаречени супер луксузни недвижнини во Лондон коишто се класифицирани како недвижнини со продажна цена од најмалку 10 милиони долари.

Тоа е повеќе од вкупниот износ вложен во луксузни недвижнини во било кој друг град во светот во 2020 година, а Лондон е пред Хонгконг и Њујорк.

И покрај ограничувањата на патувањата и фактот дека пазарот на станбениот простор во Велика Британија е блокиран меѓу март и јули минатата година, бројот на продажба на имот во Лондон повисок од 10 милиони долари, е зголемен во однос на 2019 година, а посебно биле активни руски, француски и кинески купувачи.

Фото: Pexels