Намален прометот во индустријата во февруари

46

Прометот во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 26%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2%.

Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2021 година, во однос на јануари 2021 година, е зголемен за 3,8%, додека во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, е намален за 2,7%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 5,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 48%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,1%, Капитални производи за 20,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2021 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 114,4, додека во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, изнесува 94,7.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 99,3.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15,9%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,1%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2021 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 101,6, додека во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, изнесува 97,3.

Фото: Pexels