Гостите во Охрид ќе добијат информативни летоци

42

ohridЛокалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид почна со дистрибуција на информативни летоци за сите корисници или даватели на услуги во туризмот.

Првиот од трите летоци е наменет за туристите и посетителите на Охрид, вториот содржи информации за станоиздавачите и гостите кои се рeшаваат за приватно сместување со нивните права и обврски, а третиот е информативен материјал наменет исклучиво за странските гости сместени на Охридското крајбрежје.

Целта на оваа акција е да се информираат давателите на услуги и нивните корисници и да се воведе поголем ред во туристичката дејност.