Активностите во градежниот сектор во земјите членки на Европската унија и во еврозоната се намалени во февруари и на месечно и на годишно ниво, покажуваат податоците на Eurostat.
На ниво на ЕУ, сезонски прилагодените градежни активности во февруари се намалени за 1,6% во однос на јануари, каде што според ревидираните податоци на Eurostat имаат пораст од 1%.
Во еврозоната, градежните активности се намалија во февруари во однос на јануари за 2,1%.
Меѓу земјите членки на ЕУ, за коишто има достапни податоци, најголем пад градежните активности имала Унгарија со 11,7%, по што следат: Полска (-6,9%), Франција и Словачка (по -6%).
Раст на градежните активности во февруари имаа: Шведска (9,2%), Австрија (8,8%), Романија (2,3%) и Бугарија (0,2%).
Фото: Pexels