СН Осигурителен брокер нуди доброволно приватно здравствено осигурување достапно за секого

3301

СН Осигурителен брокер АД Битола го нуди најдобриот пакет од 515 денари месечно за доброволно приватно здравствено осигурување SN Eurohealth, којшто овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи.

Бизнис Инфо: Што претставува доброволното приватно здравствено осигурување? Што вашиот пакет го прави поразличен од она што се нуди на пазарот?

СН Осигурителен брокер АД Битола во соработка со осигурителната компанија Евроинс АД Скопје, го нуди најдобриот пакет за доброволно приватно здравствено осигурување SN Eurohealth, којшто овозможува користење на здравствените услуги во СИТЕ приватни здравствени установи, притоа без ограничување при изборот. Цената на нашиот пакет е она што го прави поразличен од останатите програми кои што се нудат на пазарот, со тоа што го прави достапен за секој граѓанин, а воедно вклучувајќи од поелементарни и практични покритија сè до оние потешки состојби и тоа се во истата цена.

Бизнис Инфо: Колку чини и какво покритие нуди овој вид на здравствено осигурување?

Пакетот чини 515 денари месечно и ги покрива трошоците за низа на здравствени услуги кои што се опфатени:

– Специјалистички прегледи

– Основни дијагностички мерења и снимања

– Лабораториски анализи и испитувања

– Амбулантски интервенции

– Амбулантска рехабилитација

– Комплексни дијагностички постапки

– Трошоци за лекови

– Дневна болница и дневна хирургија

– Дел од операции

– Дел од стоматолошки интервенции.

Голем бенефит со поседувањето на полиса од ваков вид е тоа што во самата цена ги покрива и трошоците за состојби на бременост и породување, времето на престој во болница, нормално или со царски рез по медицинска индикација, трошоците од болничкото лекување поврзани со услуги од гинеколошка дејност, трошоци за болничко лекување на осигуреникот при спонтан абортус.

Бизнис Инфо: Кои услови треба да ги исполни осигуреникот за да може да го користи овој вид на приватно здравствено осигурување?

Секој што сака да направи полиса за приватно здравствено осигурување, потребно е да биде осигуреник под ФЗОМ, без разлика на статусот вработен или невработен, на возраст од 0 до 65 години.

Бизнис Инфо: Кои се главните придобивки на имателите на полиса за приватно здравствено осигурување SN Eurohealth?

Поради актуелната состојба со пандемијата и исполнетите капацитети во јавните здравствени установи, за низа на здравствени услуги се упатуваме во приватните здравствени установи каде што се нуди подобра услуга. На овој начин, со овој програм, клиентите се безгрижни бидејќи најголемиот дел од трошоците им се покриени.

Бизнис Инфо: Колку како нација сме свесни за придобивките од приватното здравствено осигурување?

Секоја година, заинтересираноста за овој вид на осигурување бележи значителен раст, што секако за тоа придонесуваат и корпоративните практики. Менаџментот на СН Осигурителен брокер АД Битола, како општествено одговорна компанија, секогаш се грижи за своите клиенти. Во тој поглед, поради сегашната состојба на економијата предизвикана од пандемијата, наскоро ќе имаме месец на попусти.

Бизнис Инфо: Организирате промотивна акција што ќе трае цел месец. За што станува збор?

Акцијата ќе важи од 01.05.2021 до 31.05.2021, односно цел месец Мај. Секој што ќе направи полиса за доброволно приватно здравствено осигурување, добива 15% попуст.

Бизнис Инфо: Каде можеме да се обратиме за да направиме ваков вид на договор?

За подетални информации можете да се обратите кај:

Емилија Десановска – Продажен агент за SN EUROHEALTH

тел:075/807-225
емаил: [email protected]

Или на официјален емаил: [email protected] и на www.snbroker.mk.