Голем пад на бројот на патници на аеродромите во Германија

35

Аеродромите во Германија во март регистрираа голем пад на бројот на патници, но рестриктивните мерки ја зголемија потребата од превоз на транспорт по воздушен пат, покажуваат официјалните податоци.

Само 1,97 милиони патници во март ги користеле аеродромите во Германија, што е за 72,5% помалку одошто во истиот период лани, кога сообраќајот беше ограничен поради првиот бран од пандемијата. Во споредба со март 2019 година, бројот на патници е помал за 89,7%.

Патничкиот сообраќај има огромен пад и покрај тоа што многу авиокомпании пред велигденските празници го зголемија бројот на летови за Шпанија, особено за Мајорка, што им е една од омилените туристички дестинации на Германците.

Во првите три месеци од оваа година, бројот на летови бил за 65,8% помал одошто во истиот период во 2019 година.

Обемот на товар и пошта по воздушен пат во првите три месеци од оваа година се зголеми за 7,6% во споредба со првите три месеци во 2019 година, на 1,27 милиони метрички тони.

Фото: Pexels