Над 96% од потрошувачката на јаглен за производство на струја

75

Бруто-домашното производство на електрична енергија во февруари оваа година учествува со 67,6% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,1% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 736.151 МWh електрична енергија, 42.246 мил. нм3 природен гас, 313.117 тони јаглен и 75.828 тони нафтени продукти.

Фото: Pexels