Недостигот од чипови ќе трае уште шест месеци

41

Недостигот од чипови би можел да потрае во поголемиот дел од оваа година, проценува првиот човек на Cisco, Чак Робинс.

“Мислам дека ова ќе потрае уште шест месеци. Добавувачите градат нови капацитети, поради коишто ќе биде подобро во текот на следните 12 до 18 месеци“, рекол Робинс.

Проширување на капацитетите ќе биде пресудно, бидејќи со напредок на технологијата, вклучувајќи и 5G, услуги во “облак“, вмрежување и вештачка интелигенција, ќе поттикнат поголем пораст на побарувачката.

Според аналитичарите, моменталната побарувачка најверојатно е за 25% поголема од она што претходно се очекувало.

Фото: Pexels