БиХ ќе произведува вакцина против коронавирус

26

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина во соработка со Ветеринарниот факултет во Сараево ќе се обидат да почнат производство на руската вакцина против коронавирусот Sputnik V во земјата, дознава Klix.ba.

Во остварување на оваа цел, федералните власти наводно веќе почнале со одредени активности. Вакцините би се произведувале на Ветеринарниот факултет, а потребната производна технологија би била набавена од Германија.

Тоа значи дека надлежните во БиХ од Русија ќе го купат таканареченото know how, односно податоците за тоа како се произведува вакцината.

БиХ во овој момент нема доволно вакцини за да може да спроведе масовна имунизација, а моменталните количини што се добиени или купени преку Ковакс механизмот се доволни само за здравствените работници и дел од повозрасната популација.

Србија е прва земја од регионот што обезбеди производство на вакцини против коронавирусот. На тамошниот Институт за вирусологија, вакцини и серуми, Торлак ќе ја произведува руската вакцина Sputnik V.

Фото: Freepik