Германските производители на автомобили, на една година од пандемијата, имаат голем раст на продажбата, што ги враќа назад на светска доминација.
Volkswagen, Mercedes и BMW имаат голем раст на продажбата, што им ја враќа надежта за поголем успех.
BMW во април информираше дека продале 636.600 возила ширум светот во првото тримесечје што е за 5% повеќе во однос на истиот период во 2019-та и 33,5% повеќе во однос на 2020 година.
Во Кина BMW успеа да продаде 230.000 возила, што е за околу 60.000 повеќе во однос на првиот квартал во 2019 година и скоро исто колку што продал во Европа, а во Азија исто така поставила рекорд, со продадени 287.000 возила.
Во исто време, конкурентот Mercedes Benz, што е во сопственост на Daimler, информира за пораст на продажбата од 22% на 581.270 единици, додека во Кина има скок на продажбата за околу 60%.
Volkswagen, што важи за најголем производител на автомобили во Германија и Европа, забележа пазарна капитализација од 140 милијарди евра. Производителот ужива поголемо внимание од страна на инвеститорите благодарение на својата стратегија да го предизвика Tesla на првата позиција на пазарот кога се работи за електрични автомобили.
Фото: Freepik