Аукциската куќа Christie’s продала копачки на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, по цена од 143.000 евра.
Копачките, кои аргентинскиот фудбалер Меси, ги носел кога го постигнал рекордниот 644-ти гол за Барселона се најдоа на аукција со цел да се соберат средства за хуманитарни цели.
Меси во музејот во Каталонија ги донирал копачките со коишто го постигнал 644-от гол, што е рекорд во постигнати голови за еден клуб, а музејот одлучил да ги продаде за да ги донира средствата на Универзитетската болница во Барселона.
Рекордниот гол Меси го постигна против Реал Валадолид во 65-тата минута на натпреварот одигран на 22-ри декември лани, а со тоа го надмина Пеле којшто постигнал 643 голови за Сантос.
На тој начин е срушен светскиот рекорд кога е во прашање и цената на едни копачки, којшто претходно го држеше Погба чии копачки на аукција во Париз во 2019 година се продадени за 37.000 евра.
Фото: Pexels