Колку лица работат во банките во земјава?

112

Во 2020 година, бројот на лица вработени во банкарскиот систем изнесува 5.753 и се намали за 179 во споредба сo претходната година, покажува Извештајот за ризици во банкарскиот сектор за 2020 година.

Квалификациската структура на вработените во банкарскиот сектор бележи понатамошно подобрување. Учеството на вработените со минимум високо образование и натаму се зголемува, достигнувајќи 83,9% од вкупниот број вработени во банкарскиот систем, што претставува годишен раст од 1,9 процентни поени.

Продуктивноста на банките, мерена преку големината на активата создадена од еден вработен се подобрува. Ова е видливо кај најголемиот дел од банките, при што разликите во продуктивноста на одделните банки и натаму се значителни (од 31,8 милиони денари до 191,9 милиони денари актива по вработен).