Која авиокомпанија оствари профит и покрај пандемијата?

63

Турскиот национален авиопревозник стана една од првите големи авиокомпании што оствари профит оваа година, бидејќи приходите од товар и помогнаа да го надмине големиот пад на бројот на патници предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Turkish Airlines оствари нето добивка од 61 милион долари во првиот квартал од оваа година.

“Во ова тешко време, Turkish Airlines успеа да го заврши првиот квартал од 2021 со  нето добивка од 61 милион долари, и покрај ефектите од кризата“, соопшти компанијата.

Приходите од товарот на овој превозник скокнаа 77% во споредба со минатата година, на 824 милиони долари, додека приходите од превоз на патници паднаа за 55% на 901 милиони долари. Покрај тоа, оперативните трошоци паднаа за скоро една милијарда долари. Во периодот јануари-март, кој забележа пад на капацитетот на патници за 48%, Turkish Airlines превезе вкупно 6,4 милиони патници.

Фото: Pixabay