Десетките и илјадарките – најбројни меѓу парите во оптек

Во структурата на парите во оптек според бројот на парчиња, најголемо учество имаат книжните пари во апоен од 10 денари – полимер (22,1%), 1.000 денари (19,8%), 10 денари (15,4%) и 100 денари (14%). Останатите книжни пари учествуваат со 28,7% во вкупната количина на книжните пари во оптек. Најголемо учество на кованите пари во оптек има апоенот од 1 денар (40,1%) и 2 денари (28,4%).

Полимерните пари во структурата на издадените пари во оптек имаат занемарливо вредносно учество (1%) во однос на останатите книжни пари, при што треба да се има предвид нивната мала номинална вредност и релативно краткиот период на циркулација. Според количината, учеството на полимерните пари во вкупниот број книжни пари во оптек е забележително и изнесува 27%, имајќи ја предвид нивната значајна улога во малопродажбата.

Со состојба на 31.12.2020 година, вкупниот износ на издадените пари во оптек e 50.029 милиони денари и во однос на крајот од 2019 година тие бележат зголемување од 6.706 милиони денари или 15,5%81. Структурата на парите во оптек укажува дека на крајот на годината, книжните пари учествуваат со 97,8%, а кованите пари со 2,2% од вкупната вредност. Од аспект на бројот на издадени пари во оптек, учеството на книжните пари изнесува 28,6% (110,3 милиони парчиња), а на кованите пари 71,4% (275,2 милионa парчиња).

Најголемо учество во вкупната вредност на емитираните книжни пари имаат книжните пари во апоен од 1000 денари (44,7%), 2000 денари (36,5%) и 500 денари (13,1%). Останатите книжни пари учествуваат со 5,7% во вкупната вредност. Во 2020 година, најголемо учество во вредноста на кованите пари имаат апоените од 10 денари (30,9%), 50 денари (26,1%) и 5 денари (18,9%).

Фото: Народна банка