Нафтата близу 70 долари за барел

50

Цените на нафтата го продолжија својот раст поради укинување на рестриктивните мерки во САД и делови од Европа што сигнализира раст на побарувачката за гориво во летната сезона и намалување на загриженоста поради растот на бројот на заразени со коронавирус во Индија и Јапонија.

Северноморската нафта Брент поскапе за 75 центи или 1,1% на 69,63 долари за барел, додека американската сирова нафта порасна за 67 центи или 1% на 66,36 долари за барел, јавува Ројтерс.

Цените на двата типа на нафта се на највисоко ниво од средината на март.

Остриот пад на залихите на нафта во САД, исто така, придонесоа за поскапување на “црното злато“.

Фото: Freepik