Американската фармацевтска компанија Moderna за оваа година очекува приходи од вакцината против коронавирусот во висина од 19,2 милијарди долари. Првото тримесечје од оваа година компанијата го заврши со добивка што се случува првпат откако е основана Moderna пред 10 години. Нето добивката на Moderna беше 1,2 милијарди долари, додека во истиот период лани прикажа загуба од 124 милиони долари,
Компанијата најави дека приходите од продажба на вакцини оваа година ќе бидат 18,4 милијарди долари, а само во првото тримесечје прокнижени се 1,7 милијарди долари.
Вкупните приходи за три месеци достигнаа 1,9 милијарди долари, во споредба со осум милиони долари во истиот период лани.
За годинава планирано е да се испорачаат од 800 милиони до милијарда дози вакцина против коронавирусот, а околу три милијарди следната година.
Фото: Pexels











