Ако троши милион долари дневно, ќе му требаат 400 години да го потроши целото богатство

Важи за еден од најбогатите луѓе во светот, а последните денови е актуелен по тоа што стави крај на бракот што траеше 27 години. Веќе претпоставувате дека станува збор за основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Според индексот на милијардери на Bloomberg, богатството на Гејтс се проценува на 146 милијарди долари, а бидејќи немал потпишано предбрачен договор со неговата сега веќе поранешна сопруга Мелинда, сè ќе се дели на пола.

Додека не го подели богатството со неговата сопруга, добро е да се знае колкава е вредноста со којашто Гејтс располага. Па така, според податоците само лани империјата Гејтс станала побогата за 41 милијарда долари.

Проценките се дека Гејтс секоја секунда си заработува по 4.630 долари, а се претпоставува дека ако троши по еден милион долари дневно, ќе треба да живее најмалку уште 400 години за да може да го потроши целото богатство.

Добро е да се знае дека богатството му доаѓа преку основањето на Microsoft, но во негова сопственост е само 1,3% од технолошкиот гигант.

Кога еден просечен Американец троши еден долар, тоа за Гејтс е да потроши 1,2 милиони долари. Дека го надминува секој просек не само во САД, туку и глобално, покажува фактот дека неговото богатство е поголемо од бруто домашниот производ на Луксембург, Естонија и Боливија заедно.

Фото: Pexels