Неискористените вакцини против Ковид-19 во Јапонија се приближуваат кон бројка од над десетина милиони дози во момент кога земјата треба да одобри уште две вакцини, а кампањата за вакцинирање и понатаму оди бавно поради логистички проблеми.
Јапонија до втората половина од април увезе 28 милиони дози од вакцината на Pfizer, но досега се искористени само 15% од тие залихи, додека остатокот од 24 милиони дози и понатаму е во замрзнувачи.
И покрај обезбедените големи количини на вакцини, Јапонија, земја што се подготвува за одржување на летните олимписки игри, за вакцинирање на здравствените работници и постарите лица употреби само четири милиони дози. Околу два милиони здравствени работници уште чекаат на првата доза од вакцината.
Досега во Јапонија се вакцинирани само 2,2% од населението, што е најмалку во однос на останатите богати земји.
Фото: Pexels











