Кина стана најголем пазар за кубанските пури

Кина минатата година ја надмина Шпанија и стана главен пазар за кубанските пури, но сè поголемата побарувачка на Кина не може да го компензира падот на продажбата од другите пазари.

Глобалните приходи на позната кубанска компанија што произведува пури се намалени за 4% на 507 милиони долари.

Пурите се меѓу главните извозни производи на кубанската економија што минатата година забележа пад од 11% поради пандемијата и заострените санкции од САД.

Карипскиот остров не може да продава пури на најголемиот светски пазар, во Америка, поради ембаргото што Вашингтон го воведе пред неколку децении, пренесува SeeBiz.

Европа го држи второто место на регионален пазар, бидејќи секоја втора продадена пура е во Европа. Следи азиско – пацифичкото подрачје со 16,2% удел.

Фото: Pexels