Најскапата чоколада во светот чини “само“ 7.728 евра за парче

Најскапата чоколада во светот е дел од ограничена линија од 1.000 чоколадни бонбони вредни дури 7.728 евра по парче.

Секоја бонбона е прекриена со злато што може да се јаде. Полнети се со шафран, бел тартуф, ванила од Мадагаскар и златни ливчиња.

Креатор на оваа чоколада е слаткарот Даниел Гомез, кој рекол дека чоколадата во форма на дијамант влегла во Гинисовата книга на рекорди како најскапа.

Амбалажата за чоколадата е во форма на круна и декорирана е со 5.500 кристали Swarovski.

Фото: Pexels