Излегуваат “од мода“ акциите, на нивно место доаѓаат криптовалутите

56

Аналитичарите веќе некое време бележат паралелен тренд – додека тргувањето со акции на светските берзи се намалува, волуменот на тргување на пазарите на клиптовалути има силен раст.

Според Financial Times, инвеститорите очигледно се повеќе склони кон шпекулативна актива. Забавување на тргувањето со акции беше забележано во април, откако на почетокот годината имаше лудило во тргување со акции како што беа оние на GameStop.

Тргувањето на главните крипто берзи се зголеми на 1,7 милијарди долари минатиот месец, од 1,2 милијарди долари во март. Зголемување на активноста има и кај одредени крипто деривати.

Од друга страна, прометот со американските акции се намали за 27%, а активностите со опциите на акциите се намали за 14% во април во споредба со март за да достигне најниско ниво од октомври минатата година.

Фото: Pexels