IATA: Воздушниот карго превоз ќе се зголеми за 13% годинава

Авионскиот превоз на товар можеби ќе биде единствената светла точка во воздухопловната индустрија за време на пандемија, смета генералниот директор на Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (International Air Transport Association – IATA).

Тој смета дека перспективите на карго сообраќајот се позитивни и побарувачката најверојатно и оваа година ќе биде голема.

Волш рекол дека IATA предвидува раст на авионскиот карго превоз за 13,1% оваа година, во однос на растот на вкупната глобална меѓународна трговија од 8%, пренесува Ројтерс.

Според него, се очекува превозот на товар да генерира 30% од вкупните приходи на авиокомпаниите во 2021-ва година, што е значително повеќе во однос на уделот од 15% што тој сегменти ги имал во вкупните приходи пред пандемијата.

Фото: Pexels