Германија сака да одреди минимална цена на авиобилетите

59

Германија работи на предлози со коишто би се дефинирала минимална цена на авиобилетите за да се поттикнат патниците да користат превоз што е помалку штетен по околината, рекол германскиот министер за финансии, Олаф Шолц.

Според него, билетите во иднина би требало да чинат најмалку 50 до 60 евра.

Пред пандемијата, евтините летови драматично влијаеле на понудата на државната железница, пренесува Ројтерс.

“Ниту еден лет не би требало да биде поевтин од аеродромските и другите видови на надоместоци“, рекол Шолц, додавајќи дела владата ги истражува можности за ускладување на предлогот со прописите на Европската унија.

Фото: Pexels