Првиот човек на американската компанија Tesla, Илон Маск наводно е посиромашен за повеќе од 20 милијарди долари откако минатиот викенд се појави како гостин – домаќин во емисијата Saturday Nigth Live.
Нето богатството на американскиот бизнисмен се намали од 166 на 145,5 милијарди долари откако акциите на производителот на Tesla се намалија за околу 15% во текот на минатата недела, анализира магазинот Forbes.
Без оглед на тоа, Маск и понатаму е третиот најбогат човек во светот.
Во текот на оваа забавна емисија, ексцентричниот милијардер откри дека има Аспергеров синдром. Претприемачот зборува и за најновите настани на пазарот на криптовалутите, изнесувајќи шокантна оценка дека ова е “празна приказна“.
Маск јавно ги промовираше дигиталните валути, што ја поттикна неговата цена до рекордно ниво.
Првиот човек на Tesla најави дека се откажува од прифаќање на биткоинот како средство за плаќање на неговите автомобили. Последните потези на Маск наводно ги збуниле инвеститорите, предизвикувајќи дополнителна волатилност на цената на акциите, коишто во изминатиот месец се во пад поради општа распродажба на акциите на големиот технолошки гиганти на берзата и растечката неизвесност поврзана со производството во Кина.
Фото: Facebook











