Сметководител од Гватемала во активен вулкан воочи шанса за заработка преку креирање гастрономска понуда за туристи и тоа преку пица печена во лава.
Дејвид Гарсија станал вистински хит меѓу туристите благодарение на пицата што го носи името на вулканот Pacaya Pizza.
Туристите може да уживаат во необичната пица откако ќе го искачат вулканот што е висок 2,5 километри.
Иако печењето пица не треба да биде опасна работа, Гарсија ја подготвува на растопена лава од вулканот, користејќи заштитна опрема. Пицата се става во специјални садови што можат да поднесат температура од 982 степени Целзиусови.
Гарсија пицата ја пече на температура од 800 степени околу 14 минути.
Фото: Facebook











