Во март оваа година, земјава ја посетиле 10.947 странски туристи, од кои 6.468 го посетиле Скопје, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Потоа следуваат езерските места во земјата, што во март ги посетиле 2.113 странски туристи, по што следат други места со 1.714 посети, додека на планинските места се регистрирани 501 странски турист.
Од вкупниот број на странски туристи, 10.505 во март биле сместени во хотелите, од кои најмногу одбрале хотели со пет ѕвезди (4.597), потоа следат хотелите со една ѕвезда помалку (3.903) и со три ѕвезди (1.685).
Во овој период, само тројца биле сместени во детски и младински одморалишта, 12 странски туристи во кампови, а 23 во куќи, станови за одмор и соби за издавање.
Вкупниот број на туристи во март оваа година изнесува 23.000, а бројот на ноќевања 52.056. Бројот на туристи во март годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 28,2%, а бројот на ноќевања за 24,1%.
Бројот на странски туристи во март годинава, во однос на истиот период лани, е намален за 1,6%, додека бројот на ноќевања на странски туристи е зголемен за 13,8%.
Фото: Pixabay












