Продажбата на автомобили во Кина порасна за 8,6% во април во однос на претходниот месец, што е 13-ти месец по ред, пренесува Ројтерс.
Во април се продадени 2,25 милиони автомобили, покажуваат податоците на Кинеската асоцијација на производители на автомобили. Иако темпото на раст е побавен, автомобилското производство и продажба во продолжија трендот поттикнат од силното закрепнување.
Во периодот од јануари до април, продажбата на автомобили во Кина порасна за 51,8% во однос на истиот период лани, кога се продадени 8,75 милиони возила.
Кинескиот автомобилски сектор забележа и силни извозни резултати во април. Компаниите извезле 151.000 автомобили во април, што е за 13,7% повеќе од претходниот месец.
Фото: Freepik