Колку е популарна работата од дома во Македонија?

76

Работата од дома не е сосема нов феномен, но сепак пандемијата ја зголеми нејзината популарност. За луѓе кои работат пред компјутер, поважно им е да имаат стабилна интернет врска и пријатна атмосфера за работа, одошто канцеларија каде што доаѓаат секој ден.

Според европската статистика во 2020 година 2,9% од вработените во Македонија работеле од дома. Една година тој процент бил 1,6%, во 2018-та година 1,9, а во 2017-та 1,7%.

Европскиот просек покажува дека лани 12,3% од вработените, на возраст меѓу 15 и 64 години, вообичаено работеле од дома.

Eurostat покажува различни трендови во однос на возраста и полот на вработените кои имаат канцеларија во домашни услови. Па така, во 2020 година, поголем процент на жени (13,2%) работеле од дома, додека кај мажите тој процент е 11,5.

Анализирано по возрасни групи, само 6,3% од лицата на возраст меѓу 15 и 24 години работеле од дома, во споредба со 13% од вработените на возраст меѓу 25 и 49 години и 12,4% на оние во возрасната група меѓу 50 и 64 години.

Финска е на врвот од земјите во ЕУ со 25,1% од вработените кои работат до дома. Потоа следат: Луксембург (23,1%) и Ирска (21,5%). Од друга страна, најнизок процент на лица кои работат од дома имаат: Бугарија (1,2%), Романија (2,5%), Хрватска (3,1%) и Унгарија (3,6%).

Фото: Freepik