Босна и Херцеговина оваа година се надева на враќање на туристите од арапските земји. Со почетокот на летната сезона, авиокомпаниите најавиле и поголем број на летови од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт и други земји за Сараево.
Дека сериозно се смета на овој пазар говори и фактот дека Туристичката заедница на Сараево учествува на престижниот саем за туризам Arabian Travel Market Dubai 2021, пренесува Indicator.ba.
Туристите од Обединетите Арапски Емирати полека се враќаат во Босна и Херцеговина, а доказ за тоа е податокот дека во првите три месеци од оваа година имало 4.702 посети, што е за 4,7 пати повеќе во однос на истиот период лани, кога од оваа земја дошле 988 посетители.
Фото: Pixabay












