Повеќе од 1,5 милијарди дози од вакцината против коронавирусот се примени во светот шест месеци по почетокот на првите кампањи за вакцинирање, покажуваат податоците на France presse.
Најмалку 1.500.017.337 дози се аплицирани во 210 земји и територии во светот. Близу 60% од тие дози се примени во три земји: Кина (421,9 милиони), САД (274,4 милиони) и Индија (184,4 милиони). Но, во однос на број на жители, предводи Израел. Близу шест од 10 Израелци се целосно вакцинирани. Потоа следат: Велика Британија (54% од населението примило барем една доза), Бахреин (50%), САД (48%), Чиле (47%) и Парагвај (40%).
Во Европската унија се искористени повеќе од 200 милиони дози со што е опфатено 32% од населението. Тоа далеку од просекот на Малта (65% од населението примило барем една доза) и Унгарија (49%). Најнаселените земји се движат околу просекот на ЕУ: Германија (37%), Франција (31%), Италија (32%) и Шпанија (33%).
Додека 500 милиони дози во светот се примени по четири месеци кампања за вакцинирање, за помалку од еден месец таа бројка се зголеми и за нешто повеќе од три недели достигна 1,5 милијарди дози.
Вкупно 11 земји во светот уште немаат спроведено вакцинација: шест во Африка (Танзанија, Буркина Фасо, Чад, Бурунди, Централноафриканска Република и Еритреја), две во Океанија (Вануату и Кирибати), две во Азија (Северна Кореја и Туркменистан) и една на Карибите (Хаити).
Фото: Freepik











