Швајцарија го олеснува увозот на медицинска технологија од ЕУ

Швајцарските власти ќе го олеснат увозот на медицинска технологија од Европската унија, за да се избегне недостиг од основни медицински суровини.

Постоечкиот договор со најголемите трговски партнери на Швајцарија за заемно прифаќање на индустриските стандарди, коишто придонесуваат за брза прекугранична размена на стоки, истекува на 26-ти мај, а преговорите за негово продолжување се во застој, пренесува Ројтерс.

Швајцарија одбива да се придржува до одредбите од овој договор уште од 2018 година поради несогласувања со Брисел околу државната помош, пристапот до швајцарските придобивки за граѓаните на ЕУ и унилатералните швајцарски прописи за високи плати.

Владата во Берн најави дека прифаќа да се прогласи преоден период за да се обезбеди “уредно снабдување на Швајцарија со безбедна и ефикасна медицинска технологија“.

Фото: Pexels